ГРИН Битола: Средствата за Драгор да останат за Драгор
ГРИН Битола предлага средствата предвидени за реконструкција и санација на коритото на реката Драгор да не се пренасочуваат, туку да се искористат за чистење на шутот и подобрување на безбедноста и изгледот на реката.

ГРаѓанската ИНицијатива ГРИН преку својата активност во Битола укажува на потребата средствата предвидени во Буџетот на Општина Битола за реконструкција и санација на коритото на реката Драгор, да не се пренасочуваат за други намени, туку да се искористат за конкретна и итна интервенција на терен.
Нашиот предлог е овие средства да се насочат кон вадење на шутот, отпадот и наносите од коритото на реката Драгор, особено на локациите каде состојбата претставува ризик за безбедноста на децата и жителите кои живеат во непосредна близина.
Реката Драгор е дел од идентитетот на Битола. Нејзиното корито не смее да биде запуштено, небезбедно и претворено во простор кој го нарушува изгледот на градот. Наместо одложување и пренамена на средствата, потребна е навремена, одговорна и видлива акција.
ГРИН смета дека локалната самоуправа има обврска да ги насочи буџетските средства таму каде што тие најмногу влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните: безбедна животна средина, чист јавен простор и достоинствен урбан изглед.
Затоа, ГРИН предлага Општина Битола да постапи одговорно и средствата предвидени за реката Драгор да ги искористи токму за нивната основна намена: санација, чистење и подобрување на безбедноста на коритото.
Една Општина, едно срце. 💚🤍💚
Останете во контакт со ГРИН
За дополнителни информации и соработка користете ги официјалните контакт канали.
