На Македонија и треба модерна држава што им служи на граѓаните
ГРИН ја поддржува секоја реформа што значи поефикасни институции, помалку бирократија и поквалитетни јавни услуги.

Европските стандарди не треба да ги гледаме само како обврска на патот кон ЕУ. Тие треба да бидат можност да изградиме систем во кој граѓаните и компаниите побрзо и поедноставно ги остваруваат своите права.
Затоа сметаме дека следниот чекор треба да биде конкретен:
Повеќе административни постапки целосно да се завршуваат дигитално, без непотребно одење од институција до институција;
Стручната јавност, универзитетите, бизнис-секторот и младите професионалци активно да се вклучат во креирањето на подобри јавни политики.
Не мора за секое прашање да постојат политички поделби.
Кога една реформа е добра за граѓаните, треба да ја поддржиме. Кога може да биде подобра, треба да понудиме решение.
Модерни институции за модерна Македонија.
Останете во контакт со ГРИН
За дополнителни информации и соработка користете ги официјалните контакт канали.
